Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ја формираше својата ГРОМ, а поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски, ги финишира подготовките за официјализирање на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија.
Бучковски, бизнисменот Минчо Јорданов и новинарот Љупчо Зиков се иницијативниот одбор за формирање на оваа, според нив опозициска партија, но позитивна за просперитет на Македонија.
Можно е Бучковски да има и свој претставник во Собранието, тоа е либералот Ивон Величковски, а Јакимовски, Драгиша Милетиќ.