„Луј Витон“ највреден луксузен бренд

Од:

Највреден ликсузен бренд во светот моментно е „Луј Витон“, кој покрај модните артикли продава и алкохол и накит. Неговата вредност се проценува на 23,6 милијарди долари, покажуваат податоците на консултациската фирма „Интербренд“, што ги објави Forbes.com.

Вредноста на втората највредна марка „Гучи“ е за повеќе од 14 милијарди долари пониска и е проценета на 9,45 миијарди долари.

По нив следат „Ерме“ (Hermes) со вредност од 6,18 милијарди долари, „Картие“ (5,5) и „Тифани“ (5,16), „Барбери“ (4,34), „Прада (4,27) и „Ралф Лорен“ (4,04 милијарди долари).

Повеќето од најскапите брендови произведуваат и продаваат модна облека и додатоци. И покрај тоа што се повеќе луѓе штедат, за чанта со логото на „Луј Витон“ или за накит „Картие“ и понатаму има големо интересирање.

Годинава прометот на производителите на луксузна стока би можел да се зголеми за 4 до 5 отсто, предвидува консултациската компанија Bain&Company.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски