Дисциплински постапки и суспендирани доктори во болницата во Битола, забрана за работа на странски државјани без лиценца

Од:

Болницата во Битола ќе добие забрана странци без лиценца да оперираат и да даваат услуги на пациентите, двајца доктори се суспендирани, а против деветмина се поведени дисциплински постапки. Ова го утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат по вчерашниот вонреден надзор во болницата направен оти МВР пријави дека на први јануари, годинава, докторка од Србија, без лиценца направила царски рез во болницата.

„Подрачното одделение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита. ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување“, соопштија од Инспекторатот од каде велат дека информација за констатираните наоди од надзорот е испратена и на министерот за здравство.

Инспекторите при надзорот утврдиле дека директорката на болницата за нелегалниот царски рез веќе суспендирала од работа двајца доктори, а дисциплински постапки повела против деветмина вработени во одделот за гинекологија во болницата.

Основното јавно обвинителство Битола, пак, вчера соопшти дека за овој случај  ќе оформи предмет по добиена анонимна пријава од 12 јануари годинава.

Случајот излезе во јавност завчера, кога МВР извести дека се поднесени кривични пријави против тројца доктори од кои двајца вработени во битолската болница и уште една лекарка од Белград, Србија која без лиценца за работа и покрај тоа што не е вработена во битолската болница, на први јануари годинава направила царски рез. Лекарката од Србија која го направила нелегалниот царски рез е сопруга на еден од двајцата доктори вработени во битолската болница. Нејзиниот сопруг по операцијата од оперативниот дневник ги отстранил страниците на кои лекарката ги запишала интервенциите и место нејзиното име го внел неговото и името на неговиот колега, кој исто така доби кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ