Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е одложен, соопштија денес од таборот на македонскиот првак.
Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во „црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија.
Планирано беше натпреварот Флензбург – Вардар да се одигра на 11 февруари во 18:45 часот во Германија.
За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.