Новата линија на чевли која ќе ги носи иницијалите на Сара Џесика Паркер ќе биде проследена со колекција на чанти и мантили, а во креирањето на сите наведени производи на глумицата ќе ѝ помага Џорџ Малкемус, лидерот на компанијата „Manolo Blahnik“.
Малку е лудо, но мислам дека луѓето го очекуваа тоа од мене, посебно поради Кери Бредшо. Тоа ќе бидат нови комбинации на бои кои ретко се среќаваат, преубави комбинации кои ќе посакате да ги имате во својот плакар – кажа Паркер во изјавата за магазинот „Voguе“.
Колекцијата „SJP“ засега ќе се продава исклучиво во САД, а цените ќе се движат од 200 долари за балетанки до 700 долари за чанти.