Рокот за доставување на договорите за студентска стипендија истекува в петок

Од:

Сите студенти кои стекнале право на користење студентска стипендија во учебната 2020/2021 година преку редовниот и дополнително објавениот конкурс, најдоцна до петок, 12 февруари 2021, треба да го достават договорот до Министерството за образование и наука.

Потребно е  да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на добитникот на стипендијата да ги достават до МОН, директно во писарницата на Министерството или по пошта (препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

– Согласно конкурсните услови, сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, апелира Министерството за образование и наука кое на веб-страницата ги објави договорите заедно со резултатите од конкурсите за доделување на студентските стипендии.

Одбиените кандидати имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата што ја навеле при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци