Трикратниот светски шампион Германецот Себастијан Фетел ќе стартува прв на Гран Прито на Канада во Формула 1.
Германецот ја направи најбрзата турнеја за 1:25,425 минути и ќе стартува од првата позиција. По него се наредија Луис Хамилтон со Мерцедес и Валтер Ботас од Вилијамс.
Поради дождот најдобро време во финалниот дел од квалификациите беше остварено од страна на Фетел во самиот почеток. Потоа само Хамилтон успеа да се доближи до него, но Британецот беше за 0,087 секунди побавен.
Валтер Ботас беше херој на денот. Тој на Вилијамс за прв пат во годината му обезбеди место во Топ 3 по квалификациите. Тој ја доби битката со Нико Розберг од Мерцедес, кој започна од пол-позицијата во последните три трки.
Во првите десет се пласираа и Вебер, Алонсо, Верн, Сутил, Раиконен и Рикардо. Трката за ГН на Канада на патеката Жил Вилнев започнува утре од 20 часот по македонско време.