Температури над нулата, најава за дожд и ветер од јужен правец

Од:

Над нулата се утринските температури измерени денеска во земјата. Најниската е измерена во Берово – еден степен, три во Тетово, четири во Скопје и Лазарополе, пет во Крива Паланка и Куманово, шест во Маврово, Струмица и Крушево, седум во Прилеп, осум во Претор и Дојран, девет во Дебар, десет во Битола, Штип, Виница и Гевгелија и 11 степени во Охрид и Демир Капија.

Снег има на Попова Шапка и тоа 34 сантиметри, а дожд во изминатите 24 часа врнело во Лазарополе (3 л/м2) и во Маврови Анови (1 л/м2).

Времето изутрината е претежно облачно и релативно топло со повремен локален дожд. Дуваше умерен, а на планините и во југоисточните делови и засилен ветер претежно од југоисточен правец. Брзината на ветерот во Штип повремено надминуваше 70 км/час, а во Охрид 50 км/час.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Доцна попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Би можело да ве интересира

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Од утре ќе настапи позначителна промена на времето

Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите