Обновена е поставката во куќата музеј на народниот херој Христјан Тодоровски Карпош Куманово

Од:

Надлежните од НУ Музеј Куманово денеска пред кумановската јавност ја презентираа новата, обновена поставка во куќата музеј на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош која е збогатена со нови витрини, значајни историски експонати.

Денеска се одбележуваат и 77 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош и по тој повод повеќе делегации, од Здружението на борците, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, од Општина Куманово, од АРМ, од политичките партии, граѓански организации, училишта кои го носат името на Карпош, претставници од сојузот на борците од Врање, Србија, положија цвеќе пред бистата на народниот херој во спомен куќата во Куманово.

Пред присутните се обрати секретарот на Општината, Александар Гелевски кој зборуваше за херојството и значењето на Карпош, истакнат партизан, командант и народен херој.

Куќата – музеј на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош е отворена во 1979 година. Во текот на 2019/2020 година таа е реновирана, a музејската поставка е збогатена со нови витрини и значајни историски експонати.

Директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски рече дека за поставката се одвоени 600.000 денари, средства обезбедни од Министерството за култтура и градоначаникот и Советот на Општина Куманово. Тој се заблагодари на своите вработени за ангажаманот за новата поставка.

Виш кустос, историчар во НУ Музеј, Марија Живачки рече дека куќата музеј е со површина од површина од 84 метри квадратни, а постојаната музејска поставка го зафаќа најголемиот дел од неа.

-Поставката на приземјето е уредена амбиентално. Првата просторија е со покуќнина, изложен мебел од периодот на триесетите години на 20 век, дел со цел да се долови амбиентот на тоа време. Втората просторија претставува соба на Христијан во која ги поминал ученичките денови, деновите од младоста. Дел од експонатите кои се презентирани во долниот кат приземје припаѓале на семејството на Христијан Тодоровски – Карпош. На катот низ документи, фотографии, оружје и други сведоштва е прикажан животот и борбата на Христијан Тодоровски – Карпош, рече Живачки.

Заинтересираните граѓани можат да ја разгледаат обновената поставка во куќата музеј, секој работен ден.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска