Тачи: СДСМ е пред распаѓање и му треба сериозна реорганизација

Од:

Демократската партија на Албанците денеска во Гостивар на редовно собрание на централното претседателство донесе повеќе одлуки што ќе бидат спроведени во наредниот период.

Меѓу поважните се намалување на бројот на членови на централното претседателство и промени и регрутирања во ограноците, кои на изборите имале послаби резултати.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи на новинарско прашање ја прокоментира завчерашната средба помеѓу првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, и рече дека од неа не произлегло ништо значајно.

– СДСМ е пред распаѓање и ќе му треба сериозна реорганзиација, изјави Тачи.

Лидерот на ДПА нагласи дека би прифатил евентуални средби со Груевски и Заев, но дека во овој момент нема за што да се разговара.

Со огранокот на ДПА во Гостивар од денеска ќе раководи Рушит Веапи, на местото на Газменд Алију, кој се очекува да влезе во потесното раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Тачи нема да гласа за новите министри

Горан Наумовски

Внуката на Тачи e пронајдена мртва

Горан Наумовски

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска