Специјалци со багери го копаа дворот на викендицата на уапсениот српски мафијаш: Се трага по остатоци од телата на жртвите

Од:

Трет ден по ред, српската полиција врши истрага во викенд куќа во Ритопек близу Белград, за што се сомнева дека е местото каде се мачени и брутално убиени навивачот на Партизан, Горан Величковиќ Гокси, член на бандата „Пинк Пантер“, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ, навивач на Црвена звезда. За нивните ликвидации се сомничи организирана криминална група со уапсениот Вељко Беливук, викан Веља Неволјa и Марко Миљковиќ на чело.

Се претпоставува дека во оваа куќа на три спрата, опкружена со висока ограда и покриена со најсовремен видео надзор биле извршени најмонструозни злосторства. Куќата е во сопственост на Владо Драганиќ, кој беше уапсен заедно со Беливук, Миљковиќ и 20 други членови на нивната група.

Полиција, специјалци, инспектори во цивилна облека, но и припадници на други единици на српското министерство за внатрешни, ја „чешлаа“ викендичката, дворот и околината од четвртокот. Наводно во куќата биле пронајдени траги од крв и ДНК, како и други докази за три убиства – вели изворот за српските медиуми.

Полицијата се сомнева дека Величковиќ, Љепоја и Радојевиќ биле мачени со часови, а нивните тела биле осакатени, главите отсечени, како и екстремитетите. Барајќи ги остатоците од нивните тела, полицијата користела багер да копа низ дворот на викенд куќата, но и шумичката што е од едната страна на куќата, барајќи ги нивните остатоци – додава изворот.

Исто така постои сомнеж дека со киселина стопиле некои траги и делови, а она што не можеле да го уништат на тој начин, го закопале и го фрлиле во бунари.

За време на истрагата на местото на злосторството, полицијата пронашла места во шумата и во дворот каде што екипата на Веља изгорела докази за нивните злосторства, но и хемикалии со кои по извршувањето ја исчистиле куќата и дворот.

Како дел од полициската акција и апсењето на група соработници на Беливук, исто така беше уапсен и поранешен полицаец од Лозница.

Според белградските медиуми, станува збор за лицето Д.С. кој во меѓувреме го сменил идентитетот и го зел името „Владо Георгијев“.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он