ВИДЕО: Ужасна свирепост на српските криминалци – во викендички ги топеле во киселина распарчените тела на жртвите

Од:

Во една од најголемите акции на српската држава против организираниот криминал во последните децении, денеска се уапсени членови на мафијашка група која со години ширела терор во земјата и во регионот, а пронајдени се докази за страотни злосторства кои според бруталноста ги надминуваат оние извршени од озлогласениот „Земунски клан“, јавуваат медиумите.

Уапсени се вкупно 17 лица, меѓу кои и осомничените организатори – Вељко Беливук, со прекар Веља Неволја и неговата десна рака – Марко Миљковиќ. Според полицијата, тие ја предводеле групата, која била една од најсилните криминални организации во земјата во последните две децении и се занимавала со киднапирања, изнуда, уцени, трговија со дрога и убиства.

Беливук, кој е водач на фракција на навивачката група „Гробари“, е уапсен на стадионот на ФК Партизан, а полицијата извршила претрес во просториите на „Гробарите“ на стадионот. Тој е познат во српската јавност и по инцидентот од 2016 година, кога го нападна генералниот директор на фудбалскиот клуб Партизан, Милош Вазура, а беа крвнички претепани неговиот возач и член на обезбедувањето.

Дел од српските новинари уште тогаш објавија докази за вмешаност на неговата група во низа сериозни криминални случаи, но наведоа дека Обвинителството и српските судови со години се попустливи кон криминалците кои потекнуваат од навивачките структури. Како пример, новинарите на „Инсајдер“ тогаш наведоа дека за инцидентот со Вазура и неговите вработени, Веља Неволја добил само една година куќен притвор.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека ќе бидат темелно истражени наводните врски на криминалната група со државни структури.

Уапсените членови на бандата се товарат за најмалку девет ликвидации, меѓу кои е и грабнувањето и убиството на навивачот на Црвена Звезда Здравко Радојевиќ, кој лани исчезна без трага. Полицијата откри дека криминалците користеле три наменски викендички помеѓу градовите Лозница и Горњи Милановац, каде ги уништувале трагите и доказите за грозоморните злосторства.

Според извори во полицијата, во викендичките се пронајдени клучните докази за бруталните убиства. Освен оружје, во викенд-куќите се откриени и материјални докази, отисоци и ДНК материјал, а форензичарите проверуваат дали меѓу собраните примероци има биолошки материјал од исчезнати луѓе кои биле жртви на беспоштедните методи на мафијашката група.

Полицајците во викендичките нашле и докази дека жртвите биле мачени, пред криминалците да ги убијат и да им ги исечат на парчиња телата, кои потоа ги топеле во киселина. Полицијата се сомнева дека меѓу нив се и Радојевиќ, потоа Горан Величковиќ-Гокси, кој исто така беше водач на фракција на „Гробарите“, како и членот на познатата група крадци „Пинк пантер“, Миљан Лепоја, за чијашто судбина со месеци не се знае ништо.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски