28.800 дози од третата одобрена вакцина во ЕУ против Ковид-19 пристигнаа во Бугарија. За прв пат вакцини против коронавирус беа доставени по копно, а не со авион како што беше претходно, објави Бгнес.
Вакцината на „АстраЗенека“ може да се чува во обични фрижидери. Интервалот помеѓу двете дози е до четири недели. Нејзината ефикасност е помеѓу 62% и 90%.
Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, рече дека засега оваа вакцина нема да биде забранета за лица над 55 години.
Од понеделник ќе се донесе одлука каде ќе се дистрибуираат вакцините. Следната испорака на АстраЗенека е на 13 февруари. Вкупно 260.000 дози вакцини се очекуваат да пристигнат во Бугарија овој месец.