Мицкоски: Каде се седум пратеници од мнозинството, дали тие ќе гласаат за друга Влада

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на индустриската зона Чојлија упати прашање до власта, каде и се седумте пратеници кои не гласаа за поддршката на вицепремиерот Димитров на собраниската седница кога се разгледуваше предлогот за неговата интерпелација. Мицкоски порача дека ова покажува дека тие пратеници наскоро би гласале за друго мнозинство или нова Влада.

„Она што се покажа на интерпелацијата на Димитров е дека Заев ја нема довербата од 62 пратеника. Што значи ако денеска би се гласала доверба на Владата тој нема да помине, затоа што ќе има само 55 пратеника. Така што наместо да се извртуваат тезите, треба да се запраша каде исчезнаа седум пратеници кои пред само шест месеци го гласаа Никола Димитров. Да не се случи тие шест или седум пратеници понатаму да гласаат за друга Влада или за некое друго парламентарно мнозинство и тоа набргу денес“ рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повтори ставот околу спроведувањето на пописот, дека преку собирање на потписи и поднесување Закон во Собранието ќе бараат поништување на донесениот закон за попис. Според него, нема потреба од спроведување на ова статистичка операција во време на пандемијата и предлага таа да се изврши електронски со споредување на базите на податоци што ги имаат надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус