По единаесет месеци здравствена криза, јасно мнозинство од Французите (60 отсто) немаат доверба во извршната власт во управување со ситуација предизвикана од епидемијата со Ковид-19, покажува испитувањето на „Одокса-Бекбеун Консултинг“ за Ле Фигаро и Франс Инфо, јави дописникот на МИА.
Овој скептицизам е намален за само четири индексни поени од минатиот октомври. Главно се однесува на сите категории од населението, со исклучок на приврзаниците на Републиката во марш и високите социјални категории.
Французите ги изразија своите сомнежи од една до друга анкета, во секоја од трите главни фази на борбата против пандемијата – заштита, тестирање, вакцинација. „Првичниот грев“ на недостаток на маски минатата пролет, долгите одложувања на резултатите од тестовите есента, потоа бавноста на почетокот на вакцинацијата, формираат „сукцесија на воочени проблеми што создадоа чувство на неефикасност со текот на времето “ , објаснува претседателот на институтот „Одокса“, Гаел Слиман.
Недостаток на јасност, перспектива и искреност е деталното остро мислење на населението за Емануел Макрон. Повеќе од седум десетини од Французита (71 отсто) веруваат дека владата „не донесе правилни одлуки во вистинско време“ и дека не им ја „кажува вистината“ (73 отсто), кога уште поголем процент смета дека тие не се „јасни“ (81 отсто), ниту дека „знаат каде одат“ (78 отсто).
Повеќекратните интервенции на извршната власт, не делуваат уверливо за фаталистичкото јавно мислење, убедено дека новото повторно затворање е неизбежно. Резултат, и покрај многуте изјави на Габриел Атал, портпаролот на владата, кој постојано повторува дека постои „вистински начин“ да се избегне оваа опција, 69 отсто од Французите се подготвуваат за тоа, убедени дека ќе дојде до тоа во текот на следните неколку дена – предвидување споделено претежно во сите категории на население.