Жител на Сингелиќ обвинет за поседување дрога, оружје и муниција

Од:

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 27 – годишен жител на село Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот заедно со неговиот брат, кој е недостапен на органите на прогонот и за кого на 30.12.2020 година беше поведена истражна постапка, во помошна просторија – гаража во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин. Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси. При претресот, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка Магнум 357 со рамка со шест куршуми, соопшти денеска МВР.

Посочуваат дека бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи