Хоџа: Винарските визби да дадат извештај колку грозје ќе им биде потребно од годинашнава реколта

Од:

На сите винарски визби им е наложено да дадат извештај колкави ќе бидат нивните потреби од годинашната реколта на грозјето и им се побарани сугестии во делот на тоа како треба да се одржуваат лозјата за годинава да има подобар квалитет на грозјето, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

-Денеска воспоставуваме дијалог меѓу лозарите и винарските визби за тоа каква година сакаме да имаме. Како што најавив по завршувањето на исплатата на средствата за лозарите, ја одржавме првата средба пред отпочнување на сезоната на грозјето на која ги искажавме нашите ставови дека во текот на минатата година ги исполнивме сите ветувања во делот на финансиската поддршка, во годината која беше лоша за лозарството, изјави Хоџа по денешната средба во Скопје со претставници на лозарите и винарските визби.

Тој посочи дека денеска се одржува првичниот состанок и најави уште неколку состаноци меѓу кои првиот ќе биде наредниот петок кога, како што рече, верува дека ќе има конкретни чекори како постепено до почетокот на откупот на грозјето од годинашната реколта Министерството за земјоделство да учествува и во советодавните тела, но и во менаџирањето како најдобро може да помине годинава во делот на лозарството, односно грозјето, виното и производите од вино.

-Верувам дека ваквиот однос на Министерството и партнерското поставување е решение и другите гранки да отпочнат дијалог во делот на откупот и производството и во таа насока очекувам дека ќе имаме добри и позитивни резултати и да не се повтори лошата година што е зад нас, посебно за лозарите заради лошите временски услови, потенцира Хоџа.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

A1on

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски