Протестен марш за Јавна соба: Заспани џандари, будни силувачи!

Од:

Јавна соба е кривично дело, да се казнат лицата кои во Телеграм групата објавувале експлицитни фотографии од девојчиња без нивна дозвола, да се донесат законски измени, а Јавното обвинителство да не молчи. Ова се дел од пораките и барањата на учесниците на протестниот марш за случајот “Јавна соба”.
„Држава што угнетува е држава што силува. Силувачот си ти”, повикуваат демонстрантите движејќи се од МВР кон Јавното обвинителство.

На протестот присуствува и 28-годишната Ана, девојка која прва проговори за траумите што ги доживеала откако нејзини фотографии се најдоа пред очите на повеќе од 8 илјади членови.
За случајот Јавна соба полицијата приведе четири лица и им ги одзеде мобилните телефони. Неизвесно е за кое кривично дело ќе одговараат тие.

Сличен случај се отвори и минатата година, а случајот се уште е во предистрага во обвинителството.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Администраторот и модераторот на „Јавна соба” ќе си останат во куќен притвор бидејќи можат да избегаат

Кристијан Ландов

По четири години затвор добија обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

Кристијан Ландов

Кочанчанка уценувала жена со објавување на компромитирачки фотографии

А1он

Приведен скопјанец кој уценувал девојка со компромитирачки фотографии

А1он