Киријакидес: ЕК ќе ја разгледа руската вакцина како и сите други

Од:

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, потврди дека руската вакцина, Спутник, ќе биде анализирана како и сите други вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање за руската вакцина, комесарката потврди дека истите стандарди ќе се применуваат за оваа вакцина како и за сите други пред да се донесе одлука за нејзина авторизација.

-Вакцините се проценуваат врз основа на научни докази за безбедноста и ефикасноста на вакцините, откако ќе се поднесе апликација до Европската агенција за лекови, секоја вакцина, дали е руска или друга, ќе биде проценета како било која друга вакцина, и истото ниво на докази ќе бидат побарани, изјави Кириакидес.

Што се однесува до унгарската иницијатива за набавка на руската вакцина, од Европската Комисија порачаа дека ова е индивидуална одлука на Будимпешта и тоа не се однесува на заедничката европска стратегија за купување на вакцини.

-Колективното делување во ЕУ за вакцините важи за селекцијата на вакцини со кои се склучуваат спогодби за однапред да се набават дози, тоа не ги спречува земјите членки паралелно да преговараат за други вакцини, тоа се две одделни работи, изјави портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер.

Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, додаде дека земјите што одобруваат вакцини “на своја рака“ го прават тоа “на свој ризик“.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он