Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово

Од:

Почна првата фаза од реконструкцијата на спортскиот комплес „Соколана“ во Куманово.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на својот фејсбук-профил објави дека во тек се градежни активности на комплексот, односно, прва фаза на реконструкција на игралиштето и на трибините. Предвидено е партерно уредување на игралиштето, реконструкција, терен за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините.

Претходно, Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на познатиот спортски комплекс. Државата и ги врати на општината во владение четирите големи спортски објекти, Соколана, градскиот стадион, стрелиштето и спортската сала, со кои низ децениите стопанисуваа приватни субјекти.

„Соколана“ е култно место за кумановци, чија градба почнала на почетокот на 20-тиот век и е препознатлива не само по спортските настани, туку и по забавниот живот на кумановци. Изградбата почнала во 1923 и со повремени прекини завршила во 1930-та година.

Градена е со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски