Минатата година Горан Попов се пресели во ВБА на едногодишна позајмица од Динамо Киев.
Македонскиот репрезентативец добро ја започна кариерата во Премиерлигата, тој за кратко време стана миленик на публиката и во месец декември фановите го избраа левиот бек за најдобар фудбалер на ВБА.
Лидерите на ВБА се задоволни од начинот на кој Македонецот се прилагоди на Премиерлигата и сакаат да го направат неговито трансфер перманентен.
Неговиот агент, Ален Аугустинчиќ за Birmingham Mail рече: „Горан е среќен во Англија, особено во ВБА“.