Магазинот „Економист“ во најновиот извештај за глобалниот индекс на демократија за 2020 година ја рангира Република Северна Македонија на 78-то место со скор од 5,89.
Земјата е во групата на ткн. хибридни режими. Од државите во регионот, полошо се рангирани Црна Гора на 81-то место и БиХ на 101 место.
Албанија е на 71 место, Србија 66, Хрватска на 60 место, Бугарија 52, а најдобро позиционирана е Грција на 37 место.
Прва според глобалниот индекс на демократија е Норвешка, втор Исланд, а трета Шведска. САД е на 5-тото место, Германија 14-та, Русија е 124-та, а Кина 151-ва. Последна на листата е Северна Кореја на 167-то место.