(ВИДЕО) Мицкоски: Апелирам до владата на разум, или прифатете електронски попис или одложете го за пролета 2022 година

Од:

Формално ја отпочнуваме иницијативата со која ќе побараме да укинат Законот за попис што беше донесен без консензус и без елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нагласи дека голем број држави од регионот како што се Бугарија, Србија, Хрватска, Романија и Сојузна Република Германија се одлучија да го одложат пописот за есента или пролетта 2022 година, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните.

-Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта за справување со Ковид-19. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до Владата и до Собранието на разум, да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ништо нема да промени доколку пописот биде одложен за неколку месеци.

-Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту, пак, обучувачите на пописните тимови, а имајќи ги предвид пандемиските услови во кои се наоѓа државата невозможно е да бидат обучени а притоа да биде заштитено нивното здравје. Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини евентуално би пристигнале во државата во скромна количина некаде на почетокот на март, посочи Мицкоски.

Апелираме, нагласи од Владата и до надлежните во Парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис.

-Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис. Здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена. Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или охрабрете се и направите електронски попис по теркот на државите од Европската Унија. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија, потенцира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски