ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Од:

32-годишната модна креаторка и застапничка на природно растење на косата од Њујорк, Симон Вилијамс, неодамна го скрши светскиот рекорд за најголема афро-фризура во женска конкуренција, а нејзиното достигнување е забележано и во годинешното издание на Гинисовата книга на рекорди.

Според Гинис, чии претставници во декември извршија мерење на импресивниот „пуцвал“ на младата Американка, димензиите на нејзината фризура изнесуваат: 20.5 сантиметри во висина, 22.5 сантиметри во ширина и 147 сантиметри во обем.

„Рекордот е големо достигнување за мене. Кога првпат одлучив да ја пуштам косата да ми расте природно, ќе му се смеев на некој ако ми кажеше дека ќе бидам тука денес. Огромната лекција е: никогаш не откажувајте се од нешто за што чувствувате страст,“ рече Вилијамс во декември, кога

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гинисовиот рекорд за најдолга подводна прошетка соборен во Сплит

Жарко Настоски