Саломо: Британскиот вид на коронавирус сочинува 20 отсто од инфекциите во Париз

Од:

Позаразниот вид на коронавирус, кој е првпат откриен во Велика Британија, сега сочинува 20 отсто од инфекциите во поширокиот регион на Париз, изјави денеска шефот на медицинскиот одбор на болничките групи АП-ХП во Париз, Реми Саломо.

– Имаме иницијални резултати во регионот на Париз и тие не се добри. Бевме на шест до седум проценти на 7 јануари, а минатата недела стигнавме до 15-20 отсто, истакна Саломо.

Тој нагласи дека е потребно воведување на построги мерки со цел да се спречи пандемијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата