Вулканот Семеру во провинцијата Источна Јава во Индонезија денеска исфрли вреа пепел и други материјали на два километра по нејзините падини, изјави официјален претставник, пренесува ДПА.
Нема извештаи за жртви како резултат на ерупцијата, изјави Ваван Хади Сисвојо, официјален претставник на локалната агенција за цивилна заштита.
– Врнеше пепел, рече тој.
Нивото на тревога за Семеру, највисоката планина на островот Јава, остана на еден степен над нормалното, рече тој.
Семеру еруптираше неколку пати од декември, кога стотици лица ги напуштија своите домови на побезбедни локации.
Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмички активности и има околу 128 активни вулкани.