Бројот на склучени бракови во 2012 година e намален за 5,1 проценти во однос на претходната година и изнесува 13.991 брак, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 11,8 проценти, а најмалку во март 5,2 пероценти.
Во најголем број се склучувале бракови по прв пат и тоа 92,6 проценти од жените и 90,6 проценти од мажите. Од вкупниот број бракови 8.7 проценти биле бракови склучени по втор пат, а 0,8 проценти по трет пат.
Просечната возраст при склучување прв брак е 25,6 години за невестата и 28,4 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9,9 проценти во споредба со 2011 година и изнесува 1.926 разведени бракови.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август и тоа 3,2 проценти, а најмногу во април 10,7 проценти.
Според возраста на сопругата, најголем број на разводи, или 20.9 проценти, се случиле во возрасната група од 30 до 34 години, a за сопругот, во истата возрасна група, но со учество од 18.9 проценти.