ВМРО-ДПМНЕ: Сите парламентарни партии да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, државата мора да им помогне на матурантите!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии, да ги поддржат предлог измените на Законот за средно образование, кои ги доставивме до Собранието, а се со цел да им се помогне на матурантите.

Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат.

Бараме од сите партии, особено од власта да ги поддржи овие законски измени, бидејќи за иднината на државата се работи.

Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус