ВИДЕО: Напаѓач бодеше луѓе со нож во бриселското метро, повеќемина ранети

Од:

Неколку лица попладнево се повредени во напад со нож на метро станица во Моленбек, предградие на Брисел претежно населено со имигранти со потекло од Мароко, наведува белгиски „Ле Соар“.

Нападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен, пренесува британски „Експрес“.

Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички чин, туку бил мотивиран од приватни причини. Според сведок на инцидентот, цел на напаѓачот биле жени. Друг сведок, пак, наведе дека најмалку една жена имала убодна рана на вратот.

Според извештаите, човекот прво со ножот нападнал патници во возот, а потоа се симнал и почнал да напаѓа други луѓе.

Полицијата потврди дека се случил инцидентот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски