Професионалните војници по 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари во територијалните против-пожарни единици

Од:

Професионалните војници со навршени 45 години старост, меѓу останатите опции, ќе имаат можност и за префрлување во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители. Веќе 16 поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат како пожарникари и тоа осум лица во Скопје, пет лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца од нив во општина Валандово.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ денеска на прес-конференција соопшти дека Министерството за одбрана посветено работи на спроведување на законската обврска околу грижата за професионалните војници коишто со навршени 45 години возраст ја напуштаат Армијата.

-Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги со трансфер во против-пожарната дејност во Републиката. Со оваа опција, го зајакнуваме составот на против-пожарните територијални единици во Републиката со високопрофесионален, подготвен кадар, а од друга страна им обезбедуваме продолжување на работен ангажман на нашите колеги до остварување на услови за пензија со што нивното егзистенцијално прашање е затворено, истакна Николиќ.

Државниот секретар информираше дека паралелно со новата можност се реализира и трансферот на професионалните војници и во други органи на државната и локалната власт согласно законот и потребите.

Во моментот се реализира преземање на професионалните војници и во Управата за извршување на санкции, на работни места затворски надзорници во неколку Казнено-поправни установи во Републиката и тоа во Идризово, Штип, Куманово, Велес. Во тек е и административна постапка за преземање на нашите колеги во судовите низ државата, на работни места припадници на судска полиција, појасни Николиќ.

Согласно годишниот план за 2021 година за преземање и прераспределување на поранешните професионални војници со наполнети 45 години возраст, Николиќ рече дека дел од нив остануваат и како цивилни лица на служба во Армијата, но и дека се водат разговори и со други институции за отворање нови можности за нивниот трансфер.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната