Германија се закани со тужби поради доцнењето на вакцините

Од:

Германската влада им се заканила со тужби на компаниите кои не ги почитуваат обврските за достава на вакцини.

„Утврдивме дека некои компании не ги почитувале обврските, ќе мора да преземеме правни мерки. Ниту една компанија не смее да им дава предност на други земји во однос на ЕУ“ – вели министерот за економија Петер Алтмаер во денешното интервју за „Die Welt“.

Во изминатиот период се затегнаа однсите меѓу Европската унија и Астра Зенека која објави дека може да достави само една четврите од договорените дози за првото тромесечје на годината.

ЕУ отворено ја обвини Астра Зенека дека ја фаворизира Велика Британија со што ги прекршува обврските кон Брисел. Европската унија реагираше со тоа што воведе механизам на контрола на извозот на вакцините кои минуваат низ нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19