Според најновото истражување, туристите на своите патувања најчесто ги губат камерите и фото-апаратите, а речиси третина од патниците дома се враќаат без барем еден предмет со кој тргнале на пат.
Во анкетата што ја спроведе една англиска туристичка агенција, 35 отсто од испитаниците кажале дека на патување загубиле барем еден предмет, а фото-апаратите/камерите биле најчесто споменуваниот предмет.
Следен на овој список на најчесто исчезнати работи на патувањата се паричникот или чантата, а се покажало дека патниците највнимателно внимаваат на своите пасоши, што се наоѓаат на самото дно на листата на загубни предмети.
Околу 40 осто од исчезнатите предмети подоцна се пронаоѓаат, покажале одговорите на оние кои учествувале во истражувањето.
Околу 52 отсто од испитаниците кажале дека изгубениот предмет „се појавил“ токму таму каде што бил заборавен, додека 24 отсто изјавиле дека изгубениот предмет дополниотелно им бил предаден во хотелот или тамукаде за време одморот биле сместени.
Во анкетата учествувале вкупно 1.672 патници, а четворица од нив пријавиле дека за време на патувањето ги загубиле децата, кои подоцна успеале да ги пронајдат.