Четирикратниот убиец од Шибеник е пронајден мртов потврди хрватската полиција. Телото е пронајдено покрај неговиот автомобил. Хрватските медиуми кои веќе го објавија и идентитетот тврдат дека се самоубил. Полицијата и натаму не го соопштува името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство. Телото е пронајдено нешто пред 19 часот.
Бранко Клопер за кој медиумите велт дека бил сопственик на пропадната компанија беше посочен како убиец на четири лица денеска рано попладне во Шибеник и во Водица. Според неофицијалните информации убиени се познат сопственик на трговски ланец, стечајна управничка и уште двајца мажи, нејзиниот сопруг и адвокатот.
Според тврдењата на хрватските медиуми до убиствата дошло поради нерасчистени бизнис реалции.