Во Солун запленети 324 килограми кокаин

Од:

Грчката полиција во Солун разби меѓународна мрежа за шверц на дрога, уапси три лица и заплени 324 килограми чист кокаин што бил наменет за грчкиот „пазар“.

Од полицијата соопштуваат дека улогата на уапсените, на возраст од 35 до 37 години, била да ја преземат дрогата и понатаму да ја продаваат во Грција.

Паралелно, идентификувано е уште едно лице, кое успеало да побегне и по кое трага полицијата.

Според „Катимерини“, уапсените се двајца Албанци, од кои еден со грчки пасош и еден Хрват, немале криминално досие, додека, пак, Албанците биле активни во хотелски бизниси на островот Родос.

Весникот пишува дека дрогата веројатно пристигнала од Латинска Америка, а проценките на полицијата се дека со фактот што станува збор за чист кокаин, количината тројно ќе се зголемела по додавањето состојки, а профитот ќе достигнел до 100 милиони евра.

Во претресот направен во два автомобила и во станот во кој престојувал еден од уапсените, полицијата заплени 324 килограми чист кокаин распределен во 256 пакувања, 5.265 евра поврзани со трговијата на дрогата, пет мобилни телефони и лап топ.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари