Кина ја предупреди Велика Британија да не се меша во работите на Хонг Конг

Од:

Кина денеска предупреди дека ќе преземе контрамерки како одговор на планот на Велика Британија за воспоставување на британската национална регулатива за надворешни работи и ја повика Велика Британија да престане да се меша во работите на Специјалниот кинески административен регион на Хонг Конг, соопшти кинеската медиумска група (ЦМГ).

– Ако Велика Британија, игнорирајќи го силното спротивставување на кинеската страна, им дозволи на кинеските граѓани кои престојуваат во Хонг Конг да добијат британско државјанство, тоа би претставувало кршење на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи. Во исто време, Велика Британија би го прекршила своето сопствено ветување, изјави Лиу Сијаоминг, амбасадор на Кина во Велика Британија.

Работите на Хонг Конг се внатрешни работи на Кина, истакна амбасадорот и, како што додаде, тие не вклучуваат никакво надворешно мешање на кој било начин.

– Кина цврсто ќе го заштити националниот суверенитет, безбедноста и развојниот интерес, рече Лиу, пренесува ЦМГ.

Британските власти претходно соопштија дека „ако Кина воведе закон за национална безбедност за Хонг Конг“, Велика Британија ќе им овозможи на имателите на британски странски пасоши (БНО) да останат во земјата 12 месеци, со можност за обновување и право на работа, што ја отвора можноста за добивање на британско државјанство.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски