(ВИДЕО) Славески: СДСМ и Заев се причината поради која сме најкорумпирана држава во Европа

Од:

„Наместо Заменик на претседателот на владата на Македонија за борба против корупцијата, од вчерашните изјави на Љупчо Николовски, гледаме дека сме добиле висок владин функционер не за борба, туку за забошотување на корупцијата. Не за поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата, туку за нејзина контрола и парализа на нејзините активности. Не за справување со корупцијата, туку за менаџирање на корупциските скандали кои ќе избијат на површина, со цел да се намали штетата за режимот. Ништо повеќе од тоа!

Не пораснала корупцијата, ќе каже тој, туку пораснала перцепцијата за неа! Па тоа е единствениот начин за мерење на нелегалните активности за злоупотреба на моќта во лична корист. Ова е како да кажете дека не се зголемила недовербата во власта кај граѓаните, туку само се намалил нејзиниот рејтинг“, вели Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Корупцијата, наводно, била последица на претходните влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Го прашуваме господинот Николовски: Зошто за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ според светски прифатениот индекс што го објавува невладината Transparency International, Македонија бележи историски најниски нивоа на корупција, а кога е СДСМ на власт – историски највисоки нивоа? Кога зборуваме за режим, да се потсетиме на следново:

-Во првите четири години по смената на власта во 2006 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја подобри позицијата на Македонија за цели 38 места – од срамното тогаш 105 место, наследено од СДСМ, земјата во 2010 година се најде на историски најниското 67 место на листата на Transparency International, што значи историски најдобар резултат до сега. Спротивно на ова, во периодот 2017-2020 година, во времето на СДСМ, резултатот е влошен за 21 место, за да се најдеме на срамното 111 место на листата, резервирано за високо корумпирани земји.

Податоците се неумоливи и толку едноставни за споредба за секој да може да извлече сопствен заклучок за тоа што и се случува на Република Македонија. Она кое што е деградирачки и потценувачки за земја како Република Македонија е што помалку корумпирани земји се Косово, Албанија, Буркина Фасо, Белорусија, Танзанија, Гамбија, Брегот на Слонова Коска и други.

Како и обично, СДСМ причината за дебаклот на полето на спречување на корупцијата и овој пат ја бара во опозицијата и ја лоцира во некои наводни остатоци во сферата на судството. Владеењето на правото е важен елемент за имиџот на една земја на планот на корупцијата, но индексот за кој зборуваме се формира и врз основа на други показатели кои се темелат на анкетни истражувања со бизнисмени, домашни и странски, и релевантни експерти, од разни области за корупцијата во доменот на обезбедување лиценци и дозволи; корупција кај јавните набавки; во областа на образованието и здравството и слично“, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски