Приведени уште двајца за „Јавна соба“, МВР ги истражува сите членови

Од:

Уште две лица се приведени за случајот „Јавна соба“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со двете нови лица бројот на досега приведени за овој случај е четворица.

Двајца од приведените се од Битола и по едно лице e од Велес и од Штип.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, објави Спасовски на „Фејсбук“.

Попладнево беа уапсени првите две лица, едно од Битола и едно од Велес, а кусо по апсењата „Јавна соба“ почна да се полни со една иста порака во која администраторот ги известува членовите дека е отворена нова група и ги повикува да ми пратат приватна порака за да им ја испрати.

Премиерот Зоран Заев ги повика членовите да излезат од групата оти МВР ќе ги добие податоците и сите ќе бидат обвинети и ќе одговараат за она што го прават. Премиерот рече дека побарале од „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“, а доколку од таму не одговараат на барањето, најави дека ќе ја блокира апликацијата – не поради цензура, туку за заштита на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он