Изгласан новиот ДУП за градската четврт кај Дом на градежници во скопската општина Центар

Од:

Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници е изгласан денеска на продолжение на 59-тата седница на Советот на Општина Центар.

– Се работи за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба. Во споредба со стариот ДУП кој предвидува 4043 метри квадратни парковско зеленило, новиот план има вкупно 5889 метри квадратни парковско зеленило, со што речиси 13 проценти од површината на четвртта е под парковско зеленило, соопшти Општина Центар.

Оттаму појаснувaат дека наместо да се проширува, евидентиран е постојниот паркинг и задржан е во сегашната состојба, а зголемен е процентот на зеленило и дрвореди.

– Наместо како што стариот план предвидува, изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, детското игралиште со површина од 408 метри квадратни во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него, наместо изведба на паркинг на целата површина. Согласно новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг места во своја парцела, потенцираат од општината.

Избришан е еден објект за колективно домување кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262 метри квадратни и пешачка патека.

– Стариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека „Кај Маршалот“. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку пасажи од улицата Максим Горки, со што се задржува пешачката патека „Кај Маршалот“ и нема да стане улица за автомобили, информираат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче