Мисајловски: Имаме историски најниско рекордно ниво на корупција досега

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски денеска побара оставка од Владата посочувајќи на, како што вели, рекордно регистрираното ниво на корупција на земјава досега. Северна Македонија според листата на Транспаренси интернешнл е на 111. место.

-Македонија има историски најголем пад и историски е на најдолното место на најновата листа на меѓународниот Транспаренси. Македонија во 2020 година има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, рече Мисајловски.

Тој потенцира дека државава на листата на Транспаренси интернешнл е на 111. место, што е најлошо досега.

-Ова е пад од цели 45 места. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, во Буркина Фасо, Колумбија и други држави. Белорусија е на 63 место, рече пратеникот.

Според него, виновна за оваа состојба е Владата која иако има вицепремирер за борба против корупцијата, на работи на тој план обвинувајќи ја исто така за злоупотреби и корумпираност.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус