„Спутник v“ е речиси 100 отсто ефикаснa во создавањето клеточен имунитет

Од:

Руската вакцина „Спутник V“ е речиси 100-отстотно ефикасна во развивањето на клеточен имунитет од Ковид-19 година, изјави Дарја Јегорова, научен соработник во лабораторијата за генетско инженерство за патогени микроорганизми во Центарот „Гамалеј“.

Јегорова прецизираше дека имунолошката ефикасност се однесува и на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор на организмите.

-Кога станува збор за хуморалниот имунолошки одговор, ефикасноста на вакцината надминува 98 проценти, а во однос на клеточниот имунитет ефикасноста има тенденција да биде 100 проценти, рече таа, пренесена од руските медиуми.

Јегорова додаде дека прелиминарната анализа на резултатите од пострегистрациските тестови на вакцината покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е поголема од 91 процент.

Според неа, во текот на пострегистрациските истражувања не се забележани посериозни несакани ефекти на вакцината „Спутник V“.

Јегорова изјави дека досега се вакцината „Спутник V“, надвор од клиничките испитувања, се вакцинирани повеќе од два милиони Руси.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он