Гов: Не смее да запре испораката на вакцината на „АстраЗенека“ за Велика Британија

Од:

Доставувањето на вакцините против Ковид-19 од компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија не смее да биде прекинато или пренасочено кон Европската унија, изјави денеска британскиот министер Мајк Гоув.

-Треба да бидеме сигурни дека можеме да продолжиме да ја забрзуваме нашата програма за вакцинирање, а тоа бара распоредот на договорените испораки да биде испочитуван, изјави Гов за радио Би-Би-Си.

На прашањето дали Велика Британија ќе дозволи некои од вакцините да бидат пренасочени кон ЕУ, како што бараа некои политичари од Унијата, Гов рече дека планираната, платена и закажана испорака мора да продолжи и дека нема апсолутно да има прекин во тој договор.

„АстраЗенека“ претходно изјави дека до крајот на март нема да може да го достави договореното количество вакцини за ЕУ, како што беше претходно договорено, поради проблеми во производството.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон