СДСМ: Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски ќе бидат поразени, пописот ќе се одржи оваа пролет

Од:

„Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани.

Пописот на населението, што ќе се одржи напролет е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении во државата, ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социо-економски развој.

Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди.

Најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„Од друга страна со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011 година со неуспешниот обид за попис.

Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени.

Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он