Ремек-дело на Ботичели на аукција за 80 милиони долари

Од:

Сликата „Млад човек со диск“ на Сандро Ботичели, се очекува да достигне 80 милиони долари на наддавање на аукциската куќа „Сотби“, закажано за денеска во Њујорк

Уметничкото дело за кое се верува дека е насликано 1470-тите или 80-тите, се смета за еден од најдобрите портрети на Ботичели и е најзначајниот дел од продажбата на „Мастер неделата“ на „Сотби“. Сликата со плоштина 58 на 39 сантиметри прикажува момче во доцните тинејџерски години со долга „златна“ портокалова коса, како држи диск на кој има брадест светец.

– Оваа слика ја симболизира и прикажува ренесансата во Фиренца. Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот… Тоа е ремек-дело!, рече Кристофер Апостел, потпретседател на аукциската куќа.

Наддавањето ќе биде виртуелно. На него ќе се најде и „Портретот на Адел Блох-Бауер Втори“ од Густав Климт, кој беше продаден за 87,9 милиони долари во 2006 година, натаму – „Портретот на д-р Гачет“ на Винсент ван Гог, кој достигна цена од 82,5 милиони долари во 1990 година, како и една од 136-те слики со библиски мотиви на Рембрант. „Абрахам и ангелите“ на холандскиот сликар, се очекува да достигне цена меѓу 20 и 30 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска