Во Србија за седум дена стигаат 250.000 дози „Спутник V“, во февруари и 105.300 дози на вакцината на „Фајзер“

Од:

Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека за седум дена во земјата се очекува да пристигнат 250. 000 руски вакцини „Спутник V“, а при крај се разговорите со „АстраЗенека“ за 800 000 дози.

Ѓерлек изјави дека вакцините на „АстраЗенека“ ќе се набавуваат преку Полска, како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, и додаде дека се очекуваат уште кинески вакцини.

-Вчера пристигнаа 11.700 дози од вакцината на „Фајзер“, следниот понеделник ќе пристигнат уште 9.300, но затоа на 15 февруари ќе пристигнат 40.900 дози, а на 22 февруари 46.800 дози. Тоа значи дека во февруари ќе пристигнат околу 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“, изјави Ѓерлек за Радио Телевизија на Србија.

На прашањето за британскиот вид на коронавирус, што е регистриран во Србија, тој изјави дека нема причина за паника, но има простор за претпазливост и сериозност, имајќи предвид што се случува во земјите каде што се има појавено.

Тој, исто така, посочи дека досега одобрените вакцини даваат одлична реакција, односно создаваат имунитет и против тој нов вид на коронавирус.

Во Србија денеска продолжува масовната имунизација на населението, но по препорака на владата, од денеска ќе можат да се вакцинираат исклучиво граѓаните кои се имаат пријавено за вакцинација, а не како досега и оние кои самоиницијативно доаѓаа на пунктовите за имунизација. До денес во Србија се вакцинирани 278.491 лице.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија