Првиот човек на рускиот независен инвестициски фонд РДИФ, Кирил Дмитрев, изјави денеска дека руската вакцина „Спутник V“ во следните неколку недели ќе биде одобрена за употреба во 25 земји од светот.
-Нашата вакцина „Спутник V“ досега е регистрирана во 14 земји, а во следните неколку недели ќе биде одобрена во уште 25 земји, рече Дмитрев за време на видео конференција на Светскиот економски форум во Давос, пренесуваат британските медиуми.