ВИДЕО: Семејството Нешковски бара командна одговорност за смртта на Мартин

Од:

И по две години од убиството на Мартин Нешковски, семејството се уште ја бара правдата. На местото на злосторството каде згасна животот на Нешковски, неговото семејство заедно со Движењето против полициска бруталност и „Плоштад Слобода“ денеска го одбележаа поменот од бруталното убиство на Мартин Нешковски на плоштад „Македонија“, кое се случи за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

На иницијатива на семејството Нешковски, во тек е пишување на тужба до судот во Стразбур со која покрај затворската казна за Спасов, ќе бараат и командна одговорност за смртта на Мартин.

Семејството Нешковски заедно со Движењето против полициска бруталност и „Плоштад Слобода“ на денешниот собир побараа местото каде е извршено злосторството врз Мартин да се постави спомен обележје, како потсетник на полициската бруталност.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет вели дека Комитетот ја следел целата судска постапка за службеникот Игор Спасов. Таа смета дека во случајот на Мартин Нешковски не смее да биде казнет само директрниот извршител, туку и оние кои се обиделе да го покријат свирепото убиство.

– Откако беше отфрлена приватната тужба на семејството од страна на јавниот обвинител, решивме да напишеме тужба до судот во Стразбур. Покрај Спасов, сметаме дека и други лица мора да поднесат одговорност за грозоморното убиство на Мартин – вели Пировска.

Дамјан Здравев од „Плоштад Слобода“ објаснува дека согласно со Законот за локална самоуправа, тие ќе побараат од Општина Центар да се постави мала спомен плоча на местото на каде е убиен Нешковски.

– Ќе бараме спомен обележје во центарот на Скопје. Токму тука, бидејќи главните протести во Скопје се случуваат во Општина Центар. Бараме правда за Мартин и правда за сите – вели Здравев.

Тамара Атанасоска од „Стоп за полициската бруталност“ објаснува дека полициската бруталност во Македонија не е инцидентна, статистиката покажува дека е во пораст полициското насилство.

– Граѓаните и по четириесет дена протестирање против смртта на Нешковски, се уште бараат разрешување на целиот случај. До сега, повеќе пати ни беа скратени правата за слободно здружување, движење и јавно искажување на став. И покрај сите наши напори за лоцирање на одговорност на сите нивоа во рамките на МВР, случајот со Нешковски никогаш не ја доби неопходната разрешница, вели Атанасоска.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска