Собранието ги избра членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Од:

Собранието вечерва ја усвои одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за која „за“ гласаа 61 пратеник, без гласови против и воздржани.

Општата пленарна расправа беше завршена пред десетина дена и ова беше единствена преостаната точка од 31-та седница на Парламентот, а листата на кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше утврдена на седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата на 5 јануари.

За членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа предложени Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека Кире Василев, политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, беа предложени за мандат од три години.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска