Во Србија пристигна нова тура од вакцината на Фајзер со уште 11.700 дози

Од:

На Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград се пристигнати уште 11.700 дози од вакцината на американскиот производител Фајзер и германската фирма Бионтек, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори.

Како што пишуваат медиумите, во следните две недели се очекува да започнат да пристигаат од 10.000 до 20.000 дози неделно од оваа вакцина, пренесува Танјуг.

Како што се додава, на 15-ви февруари се очекуваат нови 41.000 дози од вакцината на Фајзер.

-На состанок со лицата од тимот што се занимаваат со оваа тема, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и соопштил на премиерката Ана Брнабиќ и на соработниците да очекуваат во следните 24 часа позитивно изненадување во врска со набавка на вакцините, наведуваат медиумите.

Вакцините произведени од „Фајзер/Бионтек“ први пристигнаа во Србија на крајот на минатата година, но, во меѓувреме, дистрибуцијата на овие вакцини беше запрена поради желбата фабриките да ги зголемат своите производствени капацитети.

Вакцините „Фајзер“ во моментов не се доставуваат со полн капацитет ни до земјите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија