Џудо федерација: Тренерот од Прилеп обвинет за силување малолетничка одамна не е наш член

Од:

Во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, Македонската џудо федерација испрати соопштение до медиумите во кое го дава следното појаснување:

„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот.

Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.

Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт,“ велат од Федерацијата.

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство