Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина на турскиот пазар.
Како што е наведено, руската компанија започнала со пренесување на технологијата на производство на турскиот пазар по потпишувањето на договорот.
„РДИФ потпиша договор со водечкиот турски фармацевтски производител за производство на вакцината Спутник V во Турција, со што започнува процесот на трансфер на технологија“, соопшти РДИФ во изјава за руските медиуми.
Претставниците на фондот истакнаа дека потенцијалниот обем на производство на руските вакцини во Турција може да изнесува неколку милиони дози годишно, а официјални лица од двете земји веќе разговараат за можно проширување на производството во иднина.
„Вакцината Спутник V ќе биде доставена на пазарот во Турција, но и во други земји. Нашите партнери од Турција покажуваат голем интерес за оваа вакцина”, додаваат од РДИФ.
Покрај договорот за производство на руска вакцина, Турција претходно потпиша договори за набавка на кинески вакцини од „Синовак“, а првите пратки пристигнаа во земјата минатата недела, кога започна процесот на вакцинација на населението.
Според планот, Турција има намера да вакцинира 50 милиони жители до јуни 2021 година, со што се спречува растот на нови случаи на инфекција со коронавирус. Вакцинацијата во Турција ќе се изврши во четири чекори. Во првиот чекор, вакцинирани се здравствените работници, луѓето постари од 65 години и возрасните кои живеат во пренатрупани области. Ова е проследено со работници во важни услуги, луѓе над 50 години и лица со најмалку едно хронично заболување.
Во третата фаза, вакцините ќе бидат дадени на лица на возраст под 50 години со најмалку едно хронично заболување и млади луѓе, додека во последната фаза, сите преостанати турски државјани ќе бидат вакцинирани.